Најдолгата војна на САД заврши: По речиси 20 години, официјално е објавен крајот на американската воена операција на Хиндукуш . Последните американски војници се повлекоа од Авганистан.
Реклама
Последниот американски воен авион полета од аеродромот во авганистанската престолнина Кабул во текот на изминатата ноќ, објавија американските вооружени сили. Со тоа завршува и воена мисијата за евакуација на луѓе од земјата. Американскиот претседател Џо Бајден нареди целосно повлекување на војниците до 31 август.
„Тука сум за да објавам завршување на нашето повлекување од Авганистан и крај на воената мисија за евакуација на американски државјани, државјани на трети земји и загрозените Авганистанци од земјата“, рече началникот на Централната команда на вооружените сили на САД, генерал Кенет Мекензи, кој преку видео-врска учествуваше на прес-конференција во Пентагон.
Американскиот амбасадор исто така ја напушти земјата со последниот авион Ц-17. Американската амбасада во Кабул денеска пак на својата веб-страница соопшти дека ги суспендирала сите активности. Таа од Кабул ќе биде префрлена во Доха. Меѓутоа, дипломатската мисија за овозможување на луѓе кои се загрозени од талибанците, кои повторно владејат со Авганистан, да ја напуштат земјата и натаму е во тек.
„Војната во Авганистан заврши'“
Претседателот на државата избега, радикално исламистичките талибанци ја зазедоа претседателската палата во Кабул. Населението во Авганистан е во неизвесност и страв. Странците се евакуираат.
Фотографија: Zabi Karim/AP/picture alliance
Талибанците во центарот на моќта
По изненадувачки брзата офанзива во Авганистан, радикално исламистичките талибанци прогласија победа. Само по околу три месеци од почетокот на повлекувањето на меѓународните трупи од земјата, талибанците ја зазедоа палатата на претседателот Ашраф Гани.
Фотографија: Zabi Karim/AP/picture alliance
Исламистите сакаат „да ги решат проблемите“
„Војната во Авганистан е завршена“, изјави Мохамад Наим, портпарол на талибанците. „Ги молиме сите земји и организации заедно да работиме на решавање на сите проблеми“, додаде тој. Формата на идната влада ќе биде набрзо објавена.
Фотографија: Sefa Karacan/AA/picture alliance
Симбол на новите владетели
На многу места во Авганистан талибанците го имаат закачено своето знаме. Така е и на централниот плоштад во Кундус (на фотографијата). Освојувањето на провинцискиот главен град во североистгочен Авганистан пред неколку дена беше шок за Западот. Во Кундус десет години беа стационирани германски војници.
Фотографија: Abdullah Sahil/AP Photo/picture alliance
Полициско возило во рацете на талибанците
САД потрошија милијарди долари за обука и опремување на авганистанската војска и полиција. Со капитулацијата на овие сили речиси без отпор, оружјето и опремата сега е во рацете на исламистите. На фотографијата талибански борци во полициско возило патролираат пред аеродромот во Кабул.
Фотографија: REUTERS
Гани е веќе во странство
Авганистанскиот претседател (на фотографијата - во текот на телевизиски говор непосредно пред бегството) наводно избегал во Узбекистан. Ашраф Гани е заедно со шефот на својот штаб во Ташкент, јави Ал Џазира повикувајќи се на информации на телохранител на Гани.
Колони на улиците на Кабул на 15.08.2021 - многумина сакаат да ја напуштат земјата што побрзо. Според медиумски извештаи, талибанците наредиле никој да не биде спречуван при заминувањето од земјата. Многу луѓе се обидуваат да стигнат до аеродромот во Кабул пеш.
Фотографија: Khodaiberdi Sadat/AA/Getty Images
Гужви на аеродромот
Голем број држави ги повикаа своите граѓани веднаш да го напуштат Авганистан. Пред шалтерите на аеродромот во Кабул има долги редици веќе неколку дена. Во тек е и акцијата на враќање на германските државјани во татковината.
„Правиме сѐ за да им овозможиме на нашите државјани и нашите поранешни локални соработници да заминат во наредните денови“, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас. Авиони на германскиот Бундесвер заминаа во Авганистан како поддршка на евакуацијата.
Фотографија: Moritz Frankenberg/dpa/picture alliance