1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Последниот чин во драмата Брегзит

30 јануари 2020

Европскиот парламент со големо мнозинство гласаше за договорот за излегување на Велика Британија од Европската унија. 621 пратеници беа „за“, 49 „против“, а 13 беа воздржани.

Brexit-Vertrag im Europaparlament gebilligt
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

Велика Британија со тоа утревечер излегува од Унијата, чија членка беше 47 години.

Договорот, меѓу другото, ги регулира правата на граѓаните на двете страни и финансиските обврски на Лондон кон ЕУ. Британците до крајот на годината остануваат дел од внатрешниот пазар на ЕУ и од царинската унија. Во оваа преодна фаза Лондон и Брисел треба да постигнат согласност за договор за трговија.

На #ФотографијаНаДенот претседателот на ЕП, Давид Сасоли, по седницата на пратеничката група на социјалдемократите стои среде пратениците од Велика Британија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми