1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Потресениот Стразбур под опсада

СН/ агенции
12 декември 2018

Вооружен маж вчеравечер смртно застрела три лица на божикниот панаѓур во францускиот град Стразбур. Во нападот се повредени 12 лица, а 6 од нив се во смртна опасност, соопштија француските власти. 

Frankreich Schießerei auf dem Weihnachtsmarkt in Straßburg
Фотографија: Reuters/C. Hartmann

Напаѓачот ѝ бил познат на полицијата, и важел како потенцијално опасен, бидејќи очигледно претходно за разни деликти веќе бил осудуван како во Франција така и во Германија. Тој стрелал од огнено оружје врз насобраните луѓе во историскиот центар на Стразбур, каде традиционално се одржува божикен панаѓур, кој привлекува бројни гости не само од градот туку и од целиот свет. Напаѓачот и натаму е во бегство а потресениот град е под вистинска опсада.  Се верува дека припадниците на воената патрола го раниле во една од двете вооружена престрелки, кои следувале по нападот на божикниот панаѓур. 

Фотографија: Reuters/C. Hartmann

Полиицијата го блокираше речиси целиот град а во потрагата по напаѓачот учествуваат 350 припадници на безбедносните сили како и два хеликоптери.  Освен тоа во цела Франција е прогласен највисок степен на терористичка закана.  Тоа се случи по итната седница во Париз, која ја свика претседателот Емануел Макрон . На неа ,меѓу другите, присуствуваа, премиерот Едуард Филип и секретарот за одбрана Фиренца Пари.  
 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми