По повод денешниот Ден на борба против пушењето, Светската здравствена организација предупредува дека во многу земји се потценува неговото штетно дејство за човековото здравје.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Bonß
Реклама
Бројот на пушачите во светот се намалува, сега се 1,1 милијарда, но не со очекуваното темпо - целта од 2010. до 2025. година да се постигне намалување од 30 проценти, нема да биде достигната. По повод денешниот Ден на борба против пушењето, Светската здравствена организација предупредува дека во многу земји се потценува неговото штетно дејство за човековото здравје. Електронските цигари содржат помалку штетни материи, но исто така се опасни. Седум милиони луѓе годишно умираат како последица на „синиот чад“. Околу 80 проценти од пушачите живеат во земјите во развој, а седум проценти или преку 24 милиони пушачи во светот се на возраст меѓу 13 и 15 години. #ФотографијаНаДенот
Фамозните пушачи на филмскиот екран
Цигара во едната рака, а следната веќе чека подготвена да биде запалена: од Џејмс Дин во 1950-те до Дон Дрејпер во „Мед Мен“, ова се дел од најпознатите пушачи на филмскиот екран.
Џејмс Дин беше обожуван од цела генерација. Во „Бунтовник без причина“ од 1955, цигарата која постојано висеше на ивицата од неговата уста беше симбол за бунтот против естаблишментот. Дин беше еден од првите „лоши“ холивудски момчиња.
Фотографија: picture-alliance/akg-images
Опуштениот приватен детектив
Никој не пушеше цигара така ноншалантно како Хемфри Богарт. Во 1950-те ги заведе фановите и критичарите со улогата на приватниот детектив Филип Марлоу во „Договор со ѓаволот“. Неговата цигара е единствениот извор на светлина во мрачниот филм.
Фотографија: picture-alliance/akg-images
Гламурозната дама
До денес, „Доручек кај Тифани“ е олицетворение на гламурот на 1960-те. Цигарата беше само уште еден елегантен додаток на шапката, ракавиците и кусиот црн фустан. Во ерата на Одри Хепберн, пушењето беше општествено прифатено. Филмскиот постер ја направи Хепберн икона на едно време.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Урбан, учтив, секси
Без разлика дали читаше весни, возеше автомобил, флертуваше или бркаше сериски убиец, Жан Пол Белмондо беше страстен пушач кој постојано палеше. Сцените како онаа погоре, го цементираа неговиот имиџ на сензуален пушач со заводлив поглед.
Фотографија: picture alliance/KPA
Елегантен господин
Цигара во една рака, пиштол во другата, и Бонд девојката во скут: накусо тоа е Џејмс Бонд. Во 2002 се водеше голема дебата околу тоа дали во филмовите за Бонд се рекламирале одредени видови цигари. Како и да е пушењето долго беше дел од идентитетот на агентот 007.
Фотографија: picture alliance/AP Images
Секси средношколка
Во „Брилијантин“, најдобрите другарки на Сенди, Розовите дами, ја советуваат како да му го привлече вниманието на Дени: дотерај се и не заборавај цигара. Како ќе изгледаше Сенди без цигарата? Веројатно исто. Но цигарата е само јаготка на шлагот.
Фотографија: picture alliance/Mary Evans Picture Library/R. Gran
Заводливата фатална жена
Во „Ефтини приказни“ (Pulp Fiction), Ума Турман ја игра улогата на сопругата на мафијашкиот бос Марселус Волас, Миа. Таа пуши страсно како и соработниците на нејзиниот маж. Цигарите, се чини, можат да бидат контрадикторни, да делуваат во исто време и секси и опасно.
Фотографија: picture alliance/KPA
„Мед Мен“
Серијата „Мед Мен“ ги врати во живот 1960-те, заедно со цигарите. Всушност, на актерите им било дозволено да пушат само хербални цигари за време на снимањето. Како и многу други филмови, и оваа серија немаше да биде иста токолку Дон и неговите колеги не палеа цигара за цигара, симболизирајќи го на тој начин пушењето стилот на таа ера.
Фотографија: picture alliance/AP Photo/M. Yarish
Храбриот каубој
Стрип јунакот од Дивиот запад, Таличниот том пука побрзо од сопствената сенка, но по секој напорен ден сака и да одмори со една цигара. Барем имаше таков обичај, додека главниотм цртач Морис не ја замени цигарата со сноп трева. Тоа му ја донесе и наградата на Светската здравствена организација во 1988.