1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почеток на крајот на една ера

СН/ агенции
8 декември 2018

Заврши првиот чин од заминувањето на Ангела Меркел од политичката сцена. Германската канцеларка повеќе не е претседателка на владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

Deutschland CDU-Parteitag in Hamburg Merkel
Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach

Оваа #ФотографијаНаДенот е направена на конгресот на ЦДУ во моментот кога Ангела Маркел ја напушта сцената на која го одржа своето последно обраќање како шефица на партијата. Веднаш потоа во своевиден изборен трилер, Меркел доби наследничка. Делегатите на конгресот со тесно мнозинство ја избраа Анегрет Крамп-Каренбауер за нова лидерка на ЦДУ.

Повеќе:

-Победа на Меркел над одмаздниците

-Победа на „девојчето на Меркел“: Крамп-Каренбауер на чело на ЦДУ

-ЦДУ избира нов лидер - каков печат остави Ангела Меркел?

Со тоа е зголемена веројатноста дека „најважната политичарка во светот“ ќе остане на чело на германската влада до крајот на мандатот, како што впрочем и самата посакува. Ако сѐ се одвива според желбите на Меркел последниот чин од нејзиното заминување од политичката сцена ќе се одигра во 2021 година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми