Фотографија на денот: Починка во Авганистан
20 октомври 2021![BdTD | Afghanistan, Kabul - ein Junge schläft auf einem Fahrrad](https://static.dw.com/image/59544819_800.webp)
Реклама
Во турбулентни времиња дури и починката се прави во движење. Оваа фотографија со симболична сила е направена на улиците на авганистанскиот главен град Кабул, на кои животот е променет од корен откако власта во земјата ја презедоа талибанците. Промените не се дел од оваа фотографија. Тие се исклучени, исто како што момченцето го има исклучено движењето на велосипедот и спие сосема мирно.