1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Почна Бундеслигата - дресови наместо гледачи

18 мај 2020

На германските стадиони повторно се игра фудбал! Бундеслигата е првата европска топ-лига која продолжи по корона-паузата.

Deutschland Bundesliga - FC Köln v 1. FSV Mainz 05
Фотографија: Reuters/L. Baron

Се разбира, ништо веќе не е исто: топките се дезинфицираат, славјето по постигнат гол е без гушкање, а на трибините нема гледачи. Некаде се ставени макети од картон со ликови на верните навивачи, а некаде, како на оваа #ФотографијаНаДенот, направена на стадионот на ФЦ Келн, на столчињата има дресови. И, осамена маскота некаде таму на трибините.

Сепак, фудбал се игра повторно, а тоа за спортистите и спортските работници е најважно. Спортскиот директор на ФЦ Келн, Хорст Хелт, гордо изјави: „Ние, во Германија, имаме најголеми критичари. Но, наидовме на воодушевување во светот. Made in Germany долго време беше нешто посебно, а сега со помош на многу луѓе и поддршка од политиката, успеавме да направиме нешто.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми