1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Фотографија на денот: Почнуваат ЗОИ во Пекинг

4 февруари 2022

Во Пекинг денеска ќе бидат отворени 24. Зимски олимписки игри.

China Peking | Olympische Spiele 2022 | Training im Ski-Alpin-Zentrum
Фотографија: Luca Bruno/AP/dpa/picture alliance

Подготовките за отворањето на олимпискиот спектакл на националниот стадион во Пекинг се одвиваат со забрзано темпо. Поради пандемијата на корона и студеното време, овојпат отворањето, на кое ќе учествуваат околу 3000 изведувачи, е помало од отворањето на Летните олимписки игри во 2008 година во кинескиот главен град, кога спектаклот го изведуваа 15.000 луѓе. Она што е премиера - Пекинг е првиот град кој бил домаќин и на летна и на зимска Олимпијада.

Политичките тензии и проблемите со почитувањето на човековите права фрлаат сенка на ЗОИ 2022. Отворањето на игрите е бојкотирано од страна на повеќе земји, меѓу кои и САД, Велика Британија, Канада и Австралија. Германија исто така нема да испрати свои високи претставници, но не зборува за бојкот.

Проблеми предизвикува и пандемијата на коронавирус. И покрај сите рестрикции и мерки, секојдневно има нови случаи на инфицирани. Организаторите денеска соопштија дека од 72.425 направени тестови во текот на вчерашниот ден, 21 биле позитивни. Вкупниот број на корона-случаи од 23. јануари досега се искачи на 308.

На оваа фотографија: германскиот скијач Ромед Бауман на тренинг во Националниот скијачки центар во Јанцин.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми