1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: По невремето во Германија - виножито

21 мај 2022

Во тешкото невреме што ја зафати Германија загина едно лице, а повредени се најмалку 50 луѓе.

BdTD Deutschland | Regenbogen nach einem Gewitter
Фотографија: Jan Eifert/IMAGO

Бурата „Емелинде“ особено тешко ја погоди покраината Северна Рајна-Вестфалија. Во Падерборн се повредени најмалку 43 лица, од кои десетина тешко. Во покраината Ранјланд Пфалц, пак, човек загина од струен удар во поплавениот подрум на својата куќа. Во регионот Средна Франконија 14 луѓе се повредени откако се урна планинска куќичка во која побарале засолниште.

Германските метеоролози предупредуваат дека во источниот дел на земјата и натаму има „опасност од делумно екстремно невреме“ со силен ветер, дожд и град.

Во деловите каде невремето помина, пак, природата нуди глетки како на оваа фотографија -  двојно виножито зад далноводите во Нидер Ешбах, во покраината Хесен.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми