1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Правда за Џорџ Флојд

ЖА / агенции
9 март 2021

Десет месеци по насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд, во Минеаполис започна судски процес против белиот полицаец Дерек Шовин.

Weltspiegel 08.03.2021 | USA | Black Lives Matter Protest in Minneapolis
Фотографија: TNS/ZUMA Wire/picture alliance

Во судската сала која наликува на тврдина обезбедувана од војници, процесот против обвинетиот полицаец Дерек Шовин, кој се наоѓа на слобода со кауција, почна со пролонгирање на изборот на поротници.

Смртта на Флојд на 25 мај 2020 година, посведочена со видео снимено со мобилен телефон, ја разбранува не само американската, туку и светската јавност и предизвика револт и бурни протести. Шовин на улица при апсење околу девет минути со колено го притискаше вратот на Џорџ Флојд, осомничен за поседување фалсификувани пари, иако тој повеќе од 20 пати се жалеше дека нема доволно воздух. Реченицата на Флојд: „Не можам да дишам“ стана мото на движењето „И животите на црните луѓе се важни“, насочено против полициската бруталност и расизам. Протестите со недели ги потресуваа САД, а на почетокот на судскиот процес пред судот повторно се собраа демонстранти, барајќи праведна казна за убиството на Флојд. 

Солидарност со револтот во САД

01:27

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми