Здравје
Прва фотографија од коронавирусот
21 јануари 2021![Coronavirus - Neue 3D Darstellung des SARS-Cov-2 Erregers](https://static.dw.com/image/56282617_800.webp)
Реклама
Фотографиите се 3Д-илустрации на вистински SARS-CoV-2 вирус од вкочанети проби. Фотографиите се од фирмата Нанографикс, огранок на Технички Универзитет Виена. Тие се базираат врз податоци од научници од Универзитетот Цинхуа во Пекинг.
На кинеските научници им успеа да екстрахираат нечепнати честички на коронавирусот, потоа да ги скенираат и да ги дигитализираат. Притоа спајк-протеините на вирусните проби треба да останат што е можно понепроменети во својата структура.
На фотографиите на Нанографикс коронавирусите се збиени, но може да се набљудуваат и одделни вируси, како на оваа фотографија.