1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Првоаприлски снег

2 април 2022

По подолгиот период невообичаено високи пролетни температури во март, во западна Европа почетокот на април донесе студ и снег.

BdTD | Frankreich
Фотографија: Olivier Chassignole/AFP/Getty Images

Мора и на овие крави да им изгледало како несолена првоаприлска шега. Само што се пуштени од шталите на пасиштата, кога во западна Европа заврна снег, како овде, во близина на Лион во Франција. И Германија е зафатена од студен бран и врнежи од снег. Метеоролозите за денеска очекуваат да наврнат до десет сантиметри нов снег на местата на надморска височина од 400 до 600 метри. Зимски пејзажи има и во делови од Шпанија, снежна бура во северниот дел предизвикала проблеми во сообраќајот, посебно погоден бил регионот Навара на границата со Франција. Снег паѓа и во делови од Хрватска и Словенија.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми