Германскиот главен град во февруари по традиција ја слави филмската уметност. Годинешното Берлинале веќе е во полн ек. 68. Меѓународниот филмски фестивал во Берлин ќе трае до 25 февруари.
Реклама
Крајот е секогаш резервиран за признанијата на најдобрите. На Берлиналето тоа се „Златната“ и „Сребрените мечки“. Статуетките се веќе подготвени. На оваа #ФотографијаНаДенот може да се види една штотуку излеана „мечка“ во леарницата Херман Ноак, сѐ уште без златната или сребрената обвивка.
Потсетуваме на минатогодишното издание на Берлиналето преку оваа галерија:
67-мо издание на Берлинскиот филмски фестивал
На меѓународниот филмски фестивал во Берлин годинава ќе бидат прикажани речиси 400 филмови.
Фотографија: picture alliance/dpa/R. Arpajou/
Музичко отварање: „Џанго“
67-то издание на Берлинскиот филмски фестивал (9-19.02.2017) го отвори музичкиот биографски филм „Џанго“. Дебитантскиот филм на францускиот режисер Етијен Комар ја раскажува приказната за легендарниот џез и свинг музичар, Џанго Рајнхардт.
Фотографија: picture alliance/dpa/R. Arpajou/
Австриска црна комедија
Режисерското деби на актерот Јозеф Хадер, црната комедија „Див глушец („Wild Mouse“) се очекува да биде фаворит на публиката меѓу останатите филмови кои се натпреваруваат. Одличната изведба на Хадер во главната улога на филмот „Штефан Цвајг: Збогување со Европа“ (2016) беше потврдена од критичарите.
Фотографија: WEGA Film
„Trainspotting“ се враќа
Британската црна комедија е еден од главните наслови на фестивалот. „T2 Trainspotting“ е продолжение на култното патување на дрогата режирано од Дени Бојл во 1996. година кое е снимено со оригиналната актерска екипа 20 години подоцна.
Фотографија: Sony Pictures Releasing GmbH
100 годишнина од руската Октомвриска револуција
Покрај официјалните делови на програмата, Берлиналето го става фокусот и на неодамнешните проекти на модерните филмски уметници. Меѓу нив е и филмот „Младиот Карл Маркс“ („The Young Karl Marx“) кој ги опишува Карл Маркс (Аугуст Дил, десно) и Фридрих Енгелс (Штефан Конарске). Филмот е во режија на Раул Пек.
Фотографија: Kris Dewitte
Случајот на Олег Сенцов
Во Москва во 2015 година, украинскиот активист и режисер Олег Сенцов под обвинение дека „планирал теористички напади“ беше осуден на 20- годишна казна во сибирски затвор. Организациите за човекови права го опишаа случајот како политички мотивиран. Документарниот филм „Судење: Државата Русија против Олег Сенцов“ е дел од годинешната програма на Берлиналето.
Фотографија: Marx Film
Млади таленти од Германија
Преку 14 филмови на новата генерација на германските филмски работници се промовирани преку серијата Перспективи на германската кинематографија. Еден од најоригиналните наслови со сигурност е „Самокритика на буржоарското куче“ од Јулијан Радлмајер.
Фотографија: faktura film
Визии за иднината
Годинешната секција Ретроспектива дава поглед во минатото и ја покажува визијата на филмската индустрија за иднината на светот. Едно од најоригиналните дела е „Преупредување од вселената“ (1956) од јапонскиот режисер Коџи Шима.
Фотографија: KADOKAWA CORPORATION 1956
Филмови од северот
На посетителите на фестивалот не им е потребна топла облека доколку сакаат да се соочат со мразот, благодарејќи на фестивалската секција НАТИВ. Годинава таа се фокусира на филмови од Арктикот. Филмот „Гневен Инук“ на Алетхеа Арнакук-Барил се осврнува на дебатата за ловење на фоки за Инуитите од северна Канада.
Фотографија: National Film Board of Canada
Вознемирувачки класици
Оние кои се плашат од зомби-апокалипса треба да го избегнуваат „Ноќ на живи мртовци“ на Џорџ А. Омеро. Реставрираната верзија на култниот филм од 1968. година ќе биде прикажана во секцијата Класици на годинешното Берлинале, заедно со други маестрални дела на филмската историја.
Фотографија: Image Ten/Photofest
Таленти
За време на Берлинскиот филмски фестивал ќе биде одржани серија на работилници на кои ќе учествуваат повеќе од 250 млади таленти од 71 земја. Целта на работилниците е вмрежување со професионалци од филмската индустрија. Годинешниот фокус е „Храброст: Против сите шанси“ на која ќе се дискутира за новите предизвици во филмска индустрија.