1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Фотографија на денот: Протест против „локдаунот“

28 декември 2020

Ковид-19 се шири брзо меѓу ултраортодоксните Евреи во Израел. Тие сепак протестираат против новите рестрикции.

BdTD Coronavirus | Proteste in Israel | Wasserwerfer gegen Ultraorthodoxe
Фотографија: Ilia Yefimovich/dpa/picture alliance

Новиот, трет, строг „локдаун“ во Израел стапи во сила вчера доцна попладне. Новите мерки за најголемиот број луѓе предвидуваат движење во радиус од само еден километар оддалеченост од домот. Најголемиот дел од продавниците се затворени, училиштата работат само делумно.

Новите мерки ги ограничуваат многу строгите верници во нивниот верски живот, па поради тоа тие протестираат. На #ФотографијаНаДенот полицијата растура нивен протест со водени топови. Во Израел од почетокот на пандемијата се регистрирани над 400.000 заразени со коронавирус, а има повеќе од 3200 починати. Во земјата пред една недела почна вакцинирањето на населението и досега околу 280.000 луѓе ја имаат примено првата од двете неопходни дози од вакцината против коронавирус. Според плановите на премиерот Бенјамин Нетанјаху, во рок од еден месец би требало да се вакцинира една четвртина од населението, односно околу 2,25 милиони луѓе.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми