Езерото во облик на полумесечина кое се гледа на оваа #ФотографијаНаДенот се наоѓа во пустината Мингша Шан во Дунхуанг во Кина. Пустината била дел од древниот „Пат на свилата“
Реклама
Во плановите на кинсеката влада и градот Дунхуанг, кој некогаш бил важна станица на древниот „Пат на свилата“ , треба да служи како важна платформа за културна размена и економска соработка меѓу земјите на новиот „Пат на свилата“. Во Пекинг деновиве (25.4-27.4.) се одржува Вториот меѓународен самит „Појас и пат“, на кој учествуваат лидерите на земјите кои се приклучија на кинеската иницијатива за економска соработка.
Кинеска Нова Година: Големото патување
Новата година е најважниот празник во Кина. Тогаш традиционално само од Пекинг десетици илјади луѓе се упатуваат кон своите родни места. Масовната преселва важи за најголемата миграција годишна миграција во светот.
Фотографија: Reuters
Добро натоварени
Багаж колку што може максимално да се понесе - новогодишниот празник, кој секогаш се паѓа во текот на првата лунарна фаза помеѓу 21 јануари и 21 февруари, за многу Кинези е најважниот ден во годината. Некои си штедат денови од одморот за да можат да останат подолго кај своето семејство, кое неретко е илјадници километри далеку.
Фотографија: Reuters/J. Lee
Масовно во насока кон родното место
Празникот предизвикува толкав бран на патници поради огромниот број Кинези кои живеат одделно од семејствата - меѓу нив околу 40 милиони Кинези во странство и речиси 300 милиони работници кои не работат во местото каде што им се семејствата. Според агенцијата Ксинхуа, за празникот се ставаат во погон околу 5000 специјални возови, а патниците имаат на располагање 500.000 илјади авиолинии.
Фотографија: Reuters
Тест на трпеливост
Долгите редици се едноставно задолжителни. Овде, во Гуангжу, во 2016. беа заглавени десетици илјади луѓе поради лошото време и отпаѓањето на многу возови. Но и без такви работи мора да се биде многу трпелив. За да се скрати времето на чекање на некои станици во воз може да се влезе и без билет. Патниците при контрола едноставно со мобилен телефон скенираат код и на тој начин плаќаат за патувањето.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Imaginechina/A Ran
Култура среде хаос
Концерт во влезната хала на железничката станица во Харбин. Се прави сѐ што е можно за да се одржи доброто расположение за време на 40-дневниот период на патување. Оние што ќе се одлучат за патување со автомобил, мора и сами да си пеат.
Фотографија: Getty Images/T. Zhang
Тестирање нови технологии
Кога цела земја е во движење, припадниците на безбедносните служби се во зголемена готовност. Според медиумски извештаи, полицијата минатата година во мега-градот Женгжу, во текот на бранот на патување тестирала очила со камери за препознавање на лик. Годинава на железничката станица во Шенжен тие имаат помош од „безбедносни роботи“.
Фотографија: Reuters
По кучето следува свињата
Според кинескиот календар, Нова Година во оваа 2019. е на 5 февруари. Се поздравува годината на свињата, која следува по годината на кучето. Кина најави дека доаѓањето на Новата година ќе го најави со свој филм за омилената свиња од цртаните филмови „Свинчето Пепа“ - иако истоимената Би-Би-Си серија се најде во фокус на цензорите пред само неколку месеци.
Фотографија: Imago/ZUMA Press/P. Hua
Глобален спектакл
Најважниот кинески семеен празник се слави пред сѐ во источна Азија. Меѓутоа, фестивали со типични новогодишни обичаи, како паради на змејови и огномети, има насекаде каде има кинеска дијаспора. Сепак, особено спектакуларно и раскошно се слави во Кина. На изложбата на фенери во градината Ју-Јуан во Шангај ѕвезда е исто така една свиња.