1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Фотографија на денот: Пустош на станицата во Краматорск

9 април 2022

Во напад на железничката станица во Краматорск, источна Украина, загинаа најмалку 52 лица, пред сѐ жени, деца и постари луѓе кои бегале од војната.

Ukraine Krieg | Nach dem Angriff auf den Bahnhof von Kramatorsk
Фотографија: Fadel Senna/AFP/Getty Images

Од украинска страна се наведува и дека во нападот има над сто повредени луѓе. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави: „Очекуваме решителна светска реакција на ова воено злосторство“.

Регионалниот гувернер Павло Кириленко информираше дека станицата била нападната со балистичка ракета со краток дострел од типот Точка-У. Таа, како што се тврди, содржела распрснувачка муниција.

Русија отфрла секаква одговорност за нападот и за него ја обвинува Украина. „Режимот во Киев“ ја гаѓал станицата за да спречи бегство на населението и да го злоупотреби како „човечки штит“ за одбрана на армиските позиции, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

Според американското Министерство за одбрана, одговорни за нападот врз станицата во Кратаморск се руските трупи. Руските официјални деманти по ова прашање „не се уверливи“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

На оваа фотографија - еден од вагоните на железничката станица во Краматорск по нападот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми