Путер како злато
4 ноември 2017![10 BG Das erwartet uns im September](https://static.dw.com/image/40143950_800.webp)
Реклама
Новооткриената љубов на Кинезите и на Арапите за вкусот на путерот е само една од причините за драматичниот недостаток на овој ценет млечен производ во Европа. Полиците во супермаркетите во Франција, чија фантастична кујна е незамислива без путерот, овие денови често се празни. Во германските супермаркети путер има доволно но за цена која споредено со минатата година во истото време е најмалку двојно поголема.