Фотографија на денот: Путин на свадба
20 август 2018Реклама
Рускиот претседател во текот на викендот разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, но претходно беше гостин на свадбата на австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл. Гостинот од Кремљ танцуваше со невестата, ѝ подари букет цвеќе, а со себе донесе и хор од Русија кој испеа здравица. Според агенцијата АПА, министерката Кнајсл и нејзиниот сопруг Волфганг Мајлингер на подарок добиле бел Фолксваген „Бубачка“, на кој потпис ставиле сите гости, па и Путин. Рускиот претседател со црвен фломастер напишал: „Брачна двојка: Волфганг и Карин“ и текстот го врамил во срце.