1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Пчелите се загрозени

20 мај 2022

Денеска е Светски ден на пчелите. Тие се едни од најважните корисни животни, но нивната заштита мора да се подобри, бара ФАО.

BdTD - Biene Kirschblüte
Фотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance

Светската организација за храна ФАО бара поголема заштита на пчелите. Животни кои прашат, како што се пчелите, птиците и лилјаците, придонесуваат за 35% од светската продукција на растенија. Тие прашат 87 од 115 најважни растенија за прехрана, соопшти ФАО.

Пчелите играат важна улога за зачувување на видовите, за обезбедување на преживувањето и размножувањето на голем број растенија. Но, бројот на пчелите во светот се намалува, опоменува ФАО. Тоа е последица на намалување на нивниот животен простор, промените на климата и зголемената употреба на хемикалии.

Германската еколошка организација НАБУ вчера (19.05) соопшти дека речиси половина од сите видови пчели кои се ставени на црвена листа се загрозени од изумирање или се изумрени. За да се спречи исчезнување на пчелите, НАБУ бара уделот на површини кои не се експлоатираат да изнесува најмалку 10%. Угарите им нудат на дивите пчели важен животен простор и шанса да преживеат, се вели од НАБУ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми