Инсталацијата со длабока политичка критика, која асоцира на насилството на Блискиот Исток, тешката ситуација на Палестинците и ѕидовите кои ги подига Израел, се наоѓа во хотелот „Заѕиданите“ во Витлеем
Реклама
Милиони христијани ширум светот денеска го слават Божиќ, раѓањето на Исус Христос. Синоќа беа одржани свечени миси низ илјадници храмови во светот, во Ватикан папата Франциско повика на доверба во господ, чија љубов е безрезервна кон секој човек, дури и кон „најлошиот“. Свечена церемонија во присуство на илјадници верници од цел свет беше одржана и во родното место на Исус Христос, во „Црквата на Исусовото раѓање“ во Витлеем.
Најубавите цркви во Германија
Катедрали, големи манастирски цркви, базилики - нивната архитектура ги маѓепсува луѓето, особено за време на Божиќните празници. Избор на најубавите и најпрочуени цркви во Германија.
Фотографија: picture alliance/D. Kalker
Келнската катедрала
Двојните кули од знаменитоста на Келн заедно и целосно да се овековечат на една фотографија и не е така лесен потфат. Келнската катедрала е висока 150 метри и со тоа е третата највисока црква на светот. Изградбата траела повеќе од 500 години, но вредело: готската градба се вбројува меѓу најпосетуваните знаменитости во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg
Женската црква во Дрезден
Купола која тежи тони, а сепак изгледа како да лебди. По нејзиното уништување во Втората светска војна, Женската црква во Дрезден била обновена со донации од цел свет. Како и за време на нејзиното прво отварање во 1743 година, таа сега е составен дел од панорамата на градот.
Фотографија: picture-alliance/ZB/T. Eisenhuth
Хамбуршкиот Михел
Маркантната кула со бакарен покрив од 17. век наваму на морнарите им го покажува патот кон Хамбург. Црквата Свети Михаил, која локалното население едноставно си ја нарекува „Михел”, се смета за најубавата барокна црква во северна Германија.
Фотографија: picture alliance/dpa
Улмскиот минстер
Мало гратче, голема црква! Кулата на големата манастирска црква (минстер) во Улм достигнува 161,53 метри височина и со тоа е највисоката камбанарија на светот. Посетителите мора да се во навистина добра кондиција за да ги искачат 768-те скали кои водат до врвот. Наградата е прекрасен поглед околу црквата, а кога е добро времето од неа се гледа дури до Алпите.
Фотографија: picture alliance/robertharding/M. Lange
Меморијалната црква во Берлин
Старата камбанарија потсетува на уништувањата во Втората светска војна, а новата на напорите вложени во повторната изградба. „Кармин и кутивче за пудра" е прекарот кој Берлинчани ѝ го дале на меморијалната црква Крал Вилхелм при нејзиното повторно отворање во 1961 година. Денеска таа е знаменитост на западниот дел од градот.
Фотографија: Colourbox/V. Voennyy
Катедралата во Ахен
Карло Велики го поставил камен-темелникот за катедралата во 800 година и ја направил центар на своето кралство. Како поранешно место за крунисување на кралевите, таа се вбројува меѓу најважните цркви во Европа. Катедралата во Ахен во 1978 година е прва градба во Германија која бил прогласена за светско културно наследство од страна на УНЕСКО.
Фотографија: picture-alliance/dpa/imageBROKER
Катедралата во Наумбург
Катедралата е најмладиот носител на титулата светско културно наследство во Германија откако во 2018 година како 43-ти споменик беше ставена на листата од Унеско. Скулптурите од глина на непознат уметник кои изгледаат како да се живи, се сметаат за најубавиот дел од оваа романско-готска катедрала.
Фотографија: DW/K. Schmidt
Женската црква во Минхен
Женската црква во Минхен е во срцето на баварската метропола и се гледа уште од далеку. Во нејзина близина не смее да се гради ниту еден објект повисок од 100 метри, за да може да се задржи силуетата на Минхен. Маркантните кули за пример ја имаат катедралата во Ерусалим и затоа ги викаат „Туѓи кули".
Столбови декорирани со палми ја красат внатрешноста на црквата. Но, една стои и пред неа како споменик за мирната револуција во есента 1989 година. Црквата Николај тогаш беше појдовна точка за понеделничките демонстрации, кои беа почеток на крајот на комунистичката Германска Демократска Република и најава за обединувањето на двете Германии.
40 цркви има во градот Хилдесхајм во Долна Саксонија. Катедралата Света Марија е стара 1200 години и е вистински украс од романската архитектура. Во дворот на катедралата расте илјадагодишна грмушка рози, за која научниците сметаат дека сепак е „само” 700 години стара – но, кој ли ќе ситничари при вакви бројки?
Фотографија: Fotolia/panoramarx
Базиликата Бирнау
На брегот на Боденско езеро се наоѓа ова барокно здание. Од надвор црквата изгледа прилично скромно, но внатре се покажува сиот нејзин раскош со безбројни фигури на ангели, фрески и украси. Часовникот на кулата е од 1750 година и е најстариот ваков часовник во Германија кој и натаму е во функција.
Фотографија: darqy - Fotolia.com
Катедралниот рид во Ерфурт
Од лева страна катедралата на Марија, од десна црквата Севери. Впечатливиот ансамбл царува на ридот над историскиот дел од градот Ерфурт. Или граѓаните биле особено богоугодни, или пак имале вишок пари, но резултатот е во секој случај впечатлив: најубава готика во во двојно пакување.
На нашата #ФотографијаНаДенот го гледате најновото дело на британскиот уметник кој работи под псевдонимот Бенкси - „Раната на Витлеем“. Инсталацијата со длабока политичка критика, која асоцира на насилството на Блискиот Исток, тешката ситуација на Палестинците и ѕидовите кои ги подига Израел, се наоѓа во хотелот „Заѕиданите“ во Витлеем, на Западниот Брег. Класичната сцена во шталата со фигури на Марија, Јосиф и тукушто родениот Исус и животни, е сместена пред бетонски ѕид со дупка од куршум во форма на Ѕвездата на Витлеем.
Што си даруваат Германците за Божик?
472 евра - толку Германците потрошија во просек годинава за божиќни подароци. Меѓу она што се подарува се класици како книги и ваучери, но сѐ почесто се дарува и половна стока.
40 проценти од испитаниците жени немаат проблем да подарат и нешто што веќе се користело. Со такво нешто се согласуваат и една третина од испитаниците мажи во истражувањето на Ипсос. Според истражувањето, 11 проценти од испитаниците не купуваат воопшто подароци за Божик.
Фотографија: picture-alliance/dpa/K.-D.Gabbert
Не е сѐ половно
Германците во просек годинава за подароци потрошиле по 472 евра, покажа истражувањето на Сојузот за трговија ХДЕ. Тоа се околу седум евра повеќе отколку во 2017 година и пет евра помалку отколку во 2016-та. Се очекува промет од вкупно 100 милијари евра.
Најомилениот подарок за Божик се ваучерите. Годинава, според ХДЕ, секој втор Германец подарил ваучер. Особено се омилени купоните за книги, накит, концерт и театар. Практично и едноставно! Според институтот за истражување на пазарот ГфК, за Божик годинава се подариле ваучери во вредност од 1,8 милијарди евра!
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
А вистински подароци?
Ги има и нив! Секој трет Германец подарува облека, играчки и кеш. При купувањето важни аспекти се одржливоста и квалитетот. Се подаруваат и слатки, спортски апарати, играчки, накит, парфеми...
Купувањето божиќни подароци почнува уште во ноември. И Германците како и останатите купуваат онлајн цел еден викенд. Тие на т.н. Црн петок и Сајбер понеделник потрошија околу 1,8 милијарди евра.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler
Погрешен подарок
По дарувањето доаѓа враќањето. По Божик се враќаат над 40% од подароците купени онлајн. Притоа, жените се многу понезадоволни од она што го добиле. Тие учествуваат со 79% во вратените подароци, а мажите само со 21%, откри консултантската фирма Делојт.
Фотографија: picture-alliance/Bildagentur-online
Дедомразовците мора да се тука
За предбожиќниот период и за Божик годинава се произведени 145 милиони чоколадни Дедомразовци. Чисто математички, тоа значи по 1,7 парчиња за секој Германец. Во меѓувреме веќе е почнато производство на чоколадни зајаци за Велигден.