Рајна плаќа данок на сушата
17 октомври 2018![BdT Niedrigwasser des Rheins](https://static.dw.com/image/45746567_800.webp)
Реклама
Поради екстремно нискиот водостој на реката Рајна, бродарското претпријатие Келн-Диселдорф ја прекина редовната линија на релација Келн - Мајнц. Речниот сообраќај не е во целосен прекин, секој бродар мора самиот да одлучи во зависност од длабочината на бродот и актуелниот водостој. На #ФотографијаНаДенот: песочен нанос кај речниот остров Нидерверт на Рајна, настанат со повлекување на водата.