1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Рекорден број новоинфицирани со коронавирус во Германија

ЖА
4 ноември 2021

Бројот на дневни регистрирани нови инфекции во Германија го надмина рекордот од вториот бран во зимата 2020 и изнесува речиси 34.000

Symbolbild Corona Test
Фотографија: Christian Ohde/CHROMORANGE/picture alliance

Во изминатите 24 часа во Германија се пријавени 33.949 нови случаи на коронавирус, како што соопшти Институтот Роберт Кох. Досегашната највисока вредност на дневно регистрирани нови инфекции изнесуваше 33.777 и беше забележана на 18 декември 2020 година. Највисок број на новоинфицирани во третиот бран на пандемијата имаше на 22 април годинава – 29.518.

Растечкиот број на заразени со коронавирус ќе биде главна тема на средбата на сојузниот и покраинските министри за здравство денеска и утре, зашто паралелно се намалува и бројот на слободни кревети во одделенијата за интензивна нега во болниците.

Министрите не се единствени околу стратегијата за претстојната зима, на пример дали по 25 ноември во Германија уште ќе важи вонредната епидемиолошка состојба. Освен тоа, додека сојузниот министер за здравство Јенс Шпан апелира вакцинирање со трета доза на сите граѓани над 60 години, од покраините доаѓа предлог понуда за т.н. бустер вакцина да им се прави на граѓаните над 70 години.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми