Рекордно ран гроздобер?
25 јули 2018Реклама
Гроздоберот во Германија оваа година веројатно ќе почне уште во август, прогнозираат од Здружението на лозарите - обилен дожд пролетоска, а од мај наваму многу сонце: временските услови се извонредни за грозјето. Тоа созрева две до три недели порано од обично. На #ФотографијаНаДенот: винова лоза со крупни гроздови во Хепенхајм, покраината Хесен.