Катастрофи
Ризична мисија на вулканскиот остров во Нов Зеланд
13 декември 2019Реклама
Шест мажи и две жени, припадници на новозеландската војска, успеаја да ги транспортираат телата на шесте жртви со хеликоптер од островот. Операцијата траела четири часа, соопшти полицијата, а не се најдени уште две тела на туристи, за кои се претпоставува дека биле на островот. Жртвите претходно биле локализирани со помош на дронови.
Во понеделникот дојде до ерупција на вулканот Вакаари, при што загинаа 16 луѓе, а многумина се повредени, некои од нив имаат изгореници од највисок степен.