1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Уметност

Розов дијамант продаден на аукција за 26,6 милиони долари

ЖА /ДВ
12 ноември 2020

„Духот на розата", еден од досега најголемите брусени розови дијаманти беше продаден на аукција во Женева за само неколку минути.

Schweiz | Lila-Rosa Diamant mit 14,83 Karat
Фотографија: Denis Balibouse/REUTERS

Купувачот на скапоцениот камен од 14,83 карати, како што соопшти аукциската куќа Сотбис, сакал да остане анонимен. Експертите го проценуваа дијамантот дури и до 32 милиони евра. Тој бил изработен од камен од 27,95 карати, пронајден во 207 година во рудник на концернот Алроза во Јакутија, североисточна Русија. Изработката до саканата овална форма траела околу една година.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми