1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Литература

Саем на книгата во Франкфурт

10 октомври 2018

Од денеска до 14 октомври во Франкфурт се одржува најголемиот меѓународен саем на книгата во светот. Годинава на него учествуваат околу 7500 излагачи од 110 земји.

Buchmesse Frankfurt
Фотографија: picture-alliance/dpa/A.Dedert

Земја-гостин на Франкфуртскиот саем на книгата годинава е Грузија, од каде допатуваа околу 70 автори, кои ќе ги претстават своите дела на близу 350 литературни манифестации. Инаку, на саемот се планирани преку 4.000 манифестации поврзани со книгите, авторите, издаваштвото и слободата на мислење, од кои ќе известуваат речиси 10.000 акредитирани новинари. Лани Саемот на книгата во Франкфурт забележал посета од 286.000 љубители на литературата. На нашата #ФотографијаНаДенот го гледате новиот павилјон на Саемот. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми