1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит на Г7 во замок од бајките

СН/дв
25 јуни 2022

Од 26-ти до 28-ми јуни, по вторпат ќе се одржи самит на Г7 во замокот Елмау во јужна Германија. Зошто токму овде? Што го прави хотелот со пет ѕвезди толку посебен?

Fotoreportage Schloss Elmau vor G7 Gipfel
Фотографија: Marco Müller/DW

Замокот Елмау се наоѓа на прекрасна локација на југот на Германија во близина на границата со Австрија - околу 100 километри јужно од Минхен во еден од најубавите региони на Алпите. И тој е затскриен, што е многу важно за трагачите по мир - и шефовите на држави или на влади. Во замокот во 2015 година веќе беше одржан еден самит на лидерите на седумте најразвиени индустриски земји во светот. По напорните работни часови тие во замокот- хотел со пет ѕвезди имаа бескрајни можности за опуштање, преубава храна од 9-те ресторани и се разбира можност за уживање во прекрасниот пејсаж. Сето според замислата на соопственикот Дитмар Милер-Елмау, кој специјално за самитот изгради ново крило, совршено за лидерите на Г7. Во него тие можеа да имаат ист луксузен апартман и да бидат сами во тесен круг. Изградбата на новото крило беше завршена непосредно пред самитот во 2015 и тоа е оддалечено околу 100 метри од главната зграда и има 47 луксузни апартмани. Во него, се разбира, ќе бидат сместени и шефовите на држави или на влади на земјите од Г7 на претстојниот самит од 26 до 28 јуни. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми