Жонатан Коста со сигурност би си го посакал тоа поинаку. Католичкиот свештеник е сам на Велигденската богослужба во црквата Сантуарио Дом Боско во Бразилија.
Реклама
Но тој е сам ... само на прв поглед. Имено ка клупите во црквата има фотографии од верниците. Ваквите богослужби за Велигден, кои се емитуваат на интернет , може да им помогнат на оние што се чувствуваат осамено во изолација поради пандемијата на коронавирусот.
Животната средина зема здив во време на короната
Луѓето се дома, фабриките прават пауза - тоа се одразува и на животната средина. Промените во животната средина се забележливи на најразлични начини ширум светот.
Фотографија: Getty Images/C. Furlong
Во Велс козите го заземаат просторот
Онаму каде што човекот се повлекува, животните си го враќаат животниот простор. На речиси сосема празните улици во британското крајбрежно место Ландидно, си се шета стадо диви кози. Тоа не им е првпат, но сега не им пречи никој. Додека луѓето се затворени дома, козите слободно може да се нафрлат на своето омилено јадење: грмушките крај патот.
Фотографија: Getty Images/C. Furlong
Планета на мајмуните?
Во тајландски Лопбури луѓето се навикнати на мајмуните. Но, во моментов животните се невообичаено напрегнати. Причина за нивните борби е можеби тоа што немаат доволно храна, поради тоа што нема туристи. За мајмуните во Лопбури и други за другите животни кои се навикнале да добиваат храна од луѓето, корона-кризата е голема промена.
Фотографија: Reuters/Soe Zeya Tun
Во Катманду се дише подобро
Чист планински воздух во главниот град на Непал е само желба. Катманду се вбројува во градовите со најзагаден воздух во светот. Градот лежи во долина, во која смогот е „заклучен“ од околните планини. Но, откако владата на 23 март објави забрани за излегување, градскиот сообраќај речиси замре. Оттогаш квалитетот на воздухот е значително подобар.
Помалку возила на улиците, помалку авиони на небото, помалку фабрики кои работат - корона-пандемијата и во Германија донесе намалување на штетните издувни гасови. Според прогнозите, Германија со тоа може дури и да ги постигне климатските цели за 2020 година, се разбира доколку по кризата не се испуштаат што е можно повеќе штетни гасови.
Фотографија: Reuters/Soe Zeya Tun
Кога гондолите се покриени ...
Каналите во Венеција, кои вообичаено се полни со бротчиња и гондоли, сега се празни, а водата е толку бистра, што може да се види дното. Но, тоа нема врска со подобрен квалитет на водата, објасни портпарол на градот за Си-Ен-Ен. Поради намалениот сообраќај, сега само талогот е на дното. Но, она што и овде е дефинитивно подобрено е квалитетот на воздухот.
Фотографија: Reuters/M. Silvestri
Паузата заврши?
Додека во многу земји економијата е во застој, во Кина повторно се почнува со работа, како во оваа фабрика за батерии во Анхуи. Со тоа завршува и паузата за земање здив на животната средина.