Спорт
Светско првенство во виндсурф
2 октомври 2018Реклама
Едрењето на даска или виндсурф е еден од најатрактивните спортови, а Светското првенство на Зулт ги собира најдобрите виндсурфери на планетата. Годинава од 28 септември до 7 октомври во три дисциплини за титулата светски првак се натпреваруваат 160 професионалци од 35 земји. И по правило од натпреварувањата произлегуваат спектакуларни фотографии. На оваа #ФотографијаНаДенот е „фатен“ скокот на Шпанецот Виктор Фернандез за време на натпреварувањето во јавање на бранови (Вејврајдинг).