Метрополата се гуши во чад, но животот мора да тече - така барем мисли оваа млада двојка, не сакајќи да се откаже од својата венчална фотографија.
Реклама
Сиднеј е обвиен со сенишен жолт превез од отровен чад. Чадната покривка над градот станува се` погуста- воздухот во метрополата е веќе опасен по здравјето. Со недели на источниот брег на Австралија беснеат катастрофални пожари, кои сега се споија во „мега пожар“. Пожарникарите се беспомошни. Оваа двојка на #ФотографијаНаДенот сепак не сака да се откаже од својата венчална фотографија.
Загадување: помагаат само гас маски
Енормното загадување во Скопје во текот на зимските месеци станува редовна појава последниве години. Новите градски власти најавија итни мерки, но засега ефектот од нив е незначителен.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Каде е градот?
Вака изгледа Скопје од воздух утрово. Целата котлина во која се наоѓа градот е прекриена од густа магла веќе втор ден. Наслагите од смог и аерозагаденоста под оваа прекривка се огромни. Мерачите во повеќе скопски општини покажуваат ниво на ПМ10 честички во воздухот од над 400 микрограми.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Спас во специјални маски
На вакви фотографии досега бевме навикнати од некои од најзагадените светски метрополи, претежно во Кина и други азиски држави. За жал, Скопје одамна ги надмина и најзагадените светски градови.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Носете марама или шал
Жена си го покрива лицето додека шета низ Скопје. Според неколку македонски медиуми, во меѓувреме има недостаток и на специјални маски за дишење. Во секој случај, обидете се да се заштитите со марама или шал.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Спас во околината
Овој човек нашол привремен спас од загадениот воздух на планините околу Скопје. Таму, освен што можете да сведочите на скопската магла, можете и да продишете малку чист воздух, барем неколку часа во денот.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Апокалиптични сцени
Ноќните фотографии од Скопје се уште пострашни, Оваа е сликана ноќта на 14 декември. Таа покажува зошто Скопје деновиве е на врвот на светските листи на загаденост.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Ќе се преземат ли мерки?
Од градот Скопје велат дека краткорочните мерки не можат преку ноќ да го решат проблемот. Се работи на долгорочна стратегија, тврди градоначалникот Шилегов кој ги обвинува своите претходници дека не работеле систематски на овој проблем.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Еколозите бараат утврдување вина
Еколошките организации ги отфрлаат мерките на градските власти и велат дека треба да се преземат поостри санкции кон големите загадувачи, но и кон граѓаните. Паралелно со мерките од надлежните треба да се менува и свеста на граѓаните.