1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Скапоцената тоалетна хартија

СН/дв
23 март 2020

Во кризата со коронавирусот која го потресува речиси целиот свет, секојдневие станаа навалите па дури и тепачките во супермаркетите за основните животни производи. Посебно барана е тоалетната хартија.

BdTD Coronavirus Mauerpark in Berlin Graffito Gollum mit Klopapier
Фотографија: Reuters/A. Hilse

Многу луѓе не разбираат а и бројни психолози не можат да објаснат зошто токму тоалетната хартија е толку барана во ваква кризна ситуација. Можеби токму затоа луѓето оваа недоумица во кризно време ја решаваат со шеги. Така во берлинскиот парк на Ѕидот (Mauerpark) деновиве се појави графитот кој можете да го видите на оваа #ФотографијаНаДенот. На него е насликан Голум, ликот од легендарната филмска трилогија „Господар на прстените“ како ги изговара неговите прочуени зборови „Моја скапоценост“ (My Precious). Но тој наместо прстенот од филнот во раката држи една ролна тоалетна хартија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми