Главниот град на Индија, повторно страда од екстремно загадениот воздух. Експертите проценуваат дека тоа е една од причините и за рекордниот број на нови случаи на Ковид-19 во Њу Делхи.
Реклама
Дневните рекорди на нови корона-инфекции кои деновиве ги пријавува Њу Делхи, според индиските здравствени експерти освен на загадувањето на воздухот, се должат и на поладното време и на турканиците на пазарите за време на актуелната празнична сезона.
Квалитетот на воздухот во индискиот главен град континуирано се влошува во изминативе денови и сега се бележи „тешка загаденост“. Но и покрај притисокот на пандемијата и смогот, луѓето мора да продолжат со животот и работат, како впрочем и продавачот на шеќерна волна на оваа #ФотографијаНаДенот.
Големиот смог: Градови заробени од аерозагадување
Смог, јаглерод диоксид, отровни честички - аерозагадувањето е огромен проблем во повеќе градови во светот. Ова е преглед на градовите кои се најмногу погодени од проблемот.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Улан Батор, Монголија
Улан Батор, освен што е еден од најстудените главни градови во светот, исто така е и град со висок степен на загадување на воздухот. За време на зимските месеци, живеалиштата се загреваат со јаглен и дрва што придонесува до 70% за формирање на смогот во градот. Аерозагадувањето во Улан Батор е седум пати повисоко од она што се смета за безбедно според СЗО.
Фотографија: DW/Robert Richter
Пекинг, Кина
Кинескиот главен град се соочува со толку големо загадување на воздухот што научниците велат дека е речиси невозможно да се живее таму - иако градот е дом на повеќе од 20 милиони луѓе. Истражувањата велат дека 3.5 милиони луѓе годишно умираат поради загаденоста на воздухот, една половина од нив се од Кина. Сепак, постојат други градови во светот кои имаат поголем проблем со смогот од Пекинг.
Фотографија: picture alliance/Photoshot
Лахоре, Пакистан
Загадувањето на воздухот е најголем проблем за животната средина во Пакистан. Ситуацијата е особено драматична во вториот по големина град, Лахоре. Смогот е предизвикан, првично од високиот обем на патен сообраќај, палењето на смет и прашината од околните пустини.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Њу Делхи, Индија
Во десетмилионскиот град Њу Делхи бројот на автомобили во последните 30 години се зголемил од 180.000 на 3.500.000 возила. Сепак, најголемите загадувачи се електричните централи кои работат на јаглен. Тие придонесуваат до 80% во вкупното загадување во градот.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Ријад, Саудиска Арабија
Песочните бури, како што е прикажано на сликата во Ријад, придонесуваат за формирање на смог затоа што го зголемуваат бројот на честички во воздухот. На места како што е Саудиска Арабија, интензивното ултравиолетово зрачење ги претвара гасовите од транспортот и индустријата во озон.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Каиро, Египет
Лошиот квалитет на воздухот во Каиро е причина за голем број на заболувања кај жителите, како што се хронични проблеми на респираторниот систем и рак на белите дробови. Причината за загадениот воздух е зголемувањето на патниот сообраќај и растечкиот индустриски сектор.
Фотографија: DW Akademie/J. Rahe
Дака, Бангладеш
Според истражување спроведено од Макс-Планк институтот во Мајнц, околу 15.000 луѓе годишно умираат во Дака како последица на загадувањето на воздухот. Истражувачите откриле дека во Дака има најголема концентрација на сулфур диоксид во светот.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Москва, Русија
Иако изгледа исто, смогот на различни места во светот има поинаков состав во зависност од градот. Смогот во Москва е карактеристичен по високите концентрации на јаглеводород. Западниот дел на градот често има ветрови поради што квалитетот на воздухот е подобар.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Мексико Сити, Мексико
Проблемот со смогот во Мексико Сити се продлабочува поради неговата географска локација. Градот е опкружен од три страни со планини. Поради високите нивоа на сулфур диоксид и хидрокарбонати во воздухот, Мексико Сити долго беше сметан за еден од најзагадените градови во светот. Состојбата сега се подобрува благодарение на новата сообраќајна политика и затворањето на некои фабрики.
Фотографија: picture-alliance/dpa
9 фотографии1 | 9
Инаку вчера Њу Делхи пријави рекордни преку 7700 нови корона-инфекции за 24 часа.
Експертите предвидуваат дека во вакци услови на загаденост на воздухот и поладното време во текот на зимата таа бројка ќе се искачи на 15.000.
Животната средина зема здив во време на короната
Луѓето се дома, фабриките прават пауза - тоа се одразува и на животната средина. Промените во животната средина се забележливи на најразлични начини ширум светот.
Фотографија: Getty Images/C. Furlong
Во Велс козите го заземаат просторот
Онаму каде што човекот се повлекува, животните си го враќаат животниот простор. На речиси сосема празните улици во британското крајбрежно место Ландидно, си се шета стадо диви кози. Тоа не им е првпат, но сега не им пречи никој. Додека луѓето се затворени дома, козите слободно може да се нафрлат на своето омилено јадење: грмушките крај патот.
Фотографија: Getty Images/C. Furlong
Планета на мајмуните?
Во тајландски Лопбури луѓето се навикнати на мајмуните. Но, во моментов животните се невообичаено напрегнати. Причина за нивните борби е можеби тоа што немаат доволно храна, поради тоа што нема туристи. За мајмуните во Лопбури и други за другите животни кои се навикнале да добиваат храна од луѓето, корона-кризата е голема промена.
Фотографија: Reuters/Soe Zeya Tun
Во Катманду се дише подобро
Чист планински воздух во главниот град на Непал е само желба. Катманду се вбројува во градовите со најзагаден воздух во светот. Градот лежи во долина, во која смогот е „заклучен“ од околните планини. Но, откако владата на 23 март објави забрани за излегување, градскиот сообраќај речиси замре. Оттогаш квалитетот на воздухот е значително подобар.
Помалку возила на улиците, помалку авиони на небото, помалку фабрики кои работат - корона-пандемијата и во Германија донесе намалување на штетните издувни гасови. Според прогнозите, Германија со тоа може дури и да ги постигне климатските цели за 2020 година, се разбира доколку по кризата не се испуштаат што е можно повеќе штетни гасови.
Фотографија: Reuters/Soe Zeya Tun
Кога гондолите се покриени ...
Каналите во Венеција, кои вообичаено се полни со бротчиња и гондоли, сега се празни, а водата е толку бистра, што може да се види дното. Но, тоа нема врска со подобрен квалитет на водата, објасни портпарол на градот за Си-Ен-Ен. Поради намалениот сообраќај, сега само талогот е на дното. Но, она што и овде е дефинитивно подобрено е квалитетот на воздухот.
Фотографија: Reuters/M. Silvestri
Паузата заврши?
Додека во многу земји економијата е во застој, во Кина повторно се почнува со работа, како во оваа фабрика за батерии во Анхуи. Со тоа завршува и паузата за земање здив на животната средина.