Властите на американската сојузна држава предупредија на „катастрофа во катастрофа“ по незапамтениот поларен бран. Милиони луѓе се без греење и вода за пиење и така може да остане до викендот.
Реклама
На жителите во повеќе од 100 окрузи во Тексас им беше кажано да зовриваат вода, бидејќи електраните продолжуваат да се соочуваат со неможноста да ги активираат своите системи.
Околу 12 милиони луѓе во Тексас, втора најнаселена американска сојузна држава со 29 милиони жители, немаат вода за пиење или повремено добиваат вода.
Околу 2,7 милиони домаќинства немаат електрична енергија, а метеоролошките служби предвидуваат дека поларните температури ќе продолжат до викендот, што ќе го отежни враќањето на електричната енергија, бидејќи Тексас за време на овој екстремно студен бран изгуби околу 40 проценти од капацитетот за производство на електрична енергија.
Покрај тоа, изворите и цевководи на природен гас, како и турбините, се замрзнати.
Болниците во Хјустон објавија дека немаат вода и се верува дека имало десетици смртни случаи токму поради ледениот бран.
Зима, зима, па што?!
Снежниот „Тристан“ во централна Европа и студената „Гизела“ над Скандинавија предизвикаа хаос во Европа. По дождот со мраз, снегот и ветрот, сега воздушните маси носат голем студ.
Фотографија: Sebastian Willnow/dpa/picture alliance
Вистинска зима во февруари
Уште во декември можеше да се насети дека оваа зима ќе си го заслужи името. Поради тоа што т.н. поларен вител на крајниот север стана нестабилен, арктички воздушни маси се надвиснаа над Европа. А, тие во февруари носат снег, дожд со мраз и пред се' - арктички студ. Големиот студ би можел да трае уште две недели.
Фотографија: Thomas F. Starke/Getty Images
Тешко на оние кои пред себе имаат камион...
Благодарение на нив полиците на супермаркетите се полни со храна, но на автопат никој не сака да биде зад камион. На снег и мраз камионите стигнуваат до своите граници и заглавуваат. На автопатот А2 кај Билефелд многу луѓе на голем студ минаа цела ноќ во своите возила.
Фотографија: picture alliance/dpa
Снег за почетници
Бурата „Тристан“ донесе многу снег и во региони каде снегот вообичаено се гледа само на телевизија. Во саксонската рамнина „Тристан“ донесе 30 сантиметри нов снег. На оваа фотографија - екипи за расчистување на снегот во Лајпциг. Тие сега работат нон-стоп.
Фотографија: Sebastian Willnow/dpa/picture alliance
Надвор од употреба
Овие ветерници во Киндердијк се одамна надвор од употреба, но во мирување делумно е и јавниот живот во Холандија. Училиштата во многу места останаа затворени поради снегот, возовите сообраќаат ретко, а полицијата ги повика граѓаните да не се качуваат во автомобил. Метеоролозите се единствени во ставот дека студот е дојден за да остане извесно време.
Фотографија: Kenzo Triboullard/AFP/Getty Images
„Налегнат“ студ во Белгија
Временските промени во Белгија доаѓаат по правило од запад, но „Тристан“ се прикраде од исток - и донесе снег и студ во белгискиот главен град. Сепак, голем хаос нема. И за Белгијците важи прогнозата на метеорологот Јерг Кахелман: „Студениот воздух е добро 'налегнат' и речиси не се движи.“
Фотографија: Dursun Aydemir/AA/picture alliance
Престудено за сол
Полјаците не се изненадени. Луѓето во Варшава честопати се соочуваат со студ од истокот. Но, во некои делови на земјата снегот беше заменет со дожд, па улиците се сосема замрзнати. Најниски температури се измерени во Долна Шлезија и Ополе. Таму е толку студено, што не помага ниту фрлање сол.
Ски-лифтовите во Швајцарија, за разлика од други европски земји, работат и покрај короната. Предуслов е само да се носи маска. Споредено со Германија, во Швајцарија не наврна толку многу снег. Затоа пак љубителите на зимските спортови на викендот беа сведоци на феномен кој исто така е поврзан со глобалните промени на климата - песок од Сахара ги обои снегот и небото во портокалова боја.
Додека во централна Европа доминираат снег и мраз, на југ е како пролет. Во Италија убавото време со температури од околу 20 степени Целзиусови ги измами луѓето на отворено. На Корзика (на фотографијата) една бура можеби ја расипа неделната прошетка, но од #Flockdown, како што зимскиот хаос е наречен во Германија, нема ни трага.