Со гитара и песна на улица по шест месеци полициски час
СН/агенции
10 мај 2021
Илјадници Шпанци на улиците на градовите ширум земјата го прославија укинувањето на вонредната состојба и ноќниот полициски час воведени пред шест месеци поради пандемијата.
Реклама
Оваа #ФотографијаНаДенот е направена во Барселона во ноќта меѓу саботата и неделата, кога официјално стапија во сила ублажувањата на рестриктивните мерки поради пандемијата во најголем дел од Шпанија.
Укинати се вонредната состојба и полицискиот час и што е најважно за милиони Шпанци: тие конечно может повторно да среќаваат со луѓе и да ги прегрнуваат со блиските наместо само да разговараат преку Ватсап, Скајп или Зум, како во изминатата половина година.
Вакви и слични славја на улиците, плоштадите и на плажите имаше во стотици други шпански градови. Само во четири од 19 шпански региони, полицискиот час и натаму останува во сила.
Во рамките на укинувањето на ограничувањата на јавниот живот, повторно се отворени угостителските објекти кои ќе работат до 23 часот, но со бројот на гости ограничен на 30 проценти од капацитетот и максиммално четири лица на маса.
Со укинувањето на вонредната состојба, укинати се и забраните за патување во регионите на Шпанија.
И покрај Ковид, шансите за летување се зголемуваат
Бројот на новоинфицирани со коронавирус во Европа се намалува, бројот на вакцинирани се зголемува. Многу земји се надеваат на туристи и почнаа со разлабавување на мерките.
Фотографија: Zhou Nan/Xinhua/picture alliance
Австрија
Гастрономијата, хотелите, спортските настани во Австрија се повторно достапни од 19 мај. Како мерка на заштита е предвидено приложување негативен корона-тест. Дозволени се и манифестации кои се одржуваат надвор (до 3000 лица) и внатре (до 1500 лица). Со разлабавувањето на мерките би требало да отпадне и карантинот. Вакцинираните, тестираните и оздравените од Ковид ќе смеат да влезат во земјата.
Оној кој патува во Швајцарија мора да има негативен корона-тест. Тоа не важи за оние кои патуваат транзит. Во карантин мора да одат оние што доаѓаат од ризични подрачја. Отворени се хотелите, музеите, продавниците, театрите, кината.. На терасите од рестораните е дозволена храна и пијалоци. Насекаде има лимит за бројот на посетители, правила за дистанца и носење маска, но не и полициски час.
Гастрономите во Грција работат, но мора да затворат во 22:45 часот, зашто од 23 часот стапува во сила полицискиот час. Туристите кои одат во Грција мора пред влез во земјата да ги внесат своите податоци онлајн. При влез во земјата мора да се покаже дека лицето е целосно вакцинирано, или да се приложи негативен ПЦР-тест. Обврска за карантин веќе нема.
Фотографија: Chun Ju Wu/Zoonar/picture alliance
Италија
Италија постепено ги разлабавува своите корона-рестрикции. Онаму каде бројките се умерени, рестораните смеат да сервираат храна во отворениот дел. Од 22 часот стапува на сила полициски час. Музеите и кината во т.н. жолти зони се отворени. Во Италија на 2 јуни официјално почнува летната сезона. Како ќе изгледаат правилата тогаш, сѐ уште не е јасно.
Фотографија: Maria Laura Antonelli/Avalon/Photoshot/picture alliance
Франција
И Франција ги разлабавува рестрикциите полека. Луѓето повторно смеат да се движат и подалеку од 10 километри од својот дом, а повторно се можни и патувања во границите на земјата. Во сила е полициски час од 19 часот, кој од 19. мај треба да почнува од 21 часот. Тогаш треба повторно да отворат и рестораните (само отворените делови), како и продавниците и културните институции.
Фотографија: ROBIN UTRECHT/picture alliance
Шпанија
Ситуацијата во Шпанија е значително порелаксирана, многу од мерките се разлабавени, но сепак - повеќе региони сакаат да го задржат ограничувањето на движењето. И натаму важи и обврската за носење маска на отворено. Влез на лица од сите земји од ЕУ и од Шенгенската зона е во основа можен. Обврската за тестирање за оние кои доаѓаат од ризични региони, меѓутоа, и натаму важи.
Фотографија: Jordi Boixareu/Zuma/picture alliance
Португалија
Вонредната состојба, која траеше околу пет и пол месеци, на 1. мај веќе не беше продолжена. Оттогаш, рестораните, културните институции и местата за забава смеат да бидат отворени до 22:30 часот. Досега на викендите работа беше дозволена само до 13 часот. Освен тоа, отворена е и границата со Шпанија. Но, и натаму не е дозволен влез за лица од земји каде 14-дневната инциденција е повисока од 150.
Фотографија: Hilda Weges/Zoonar/picture alliance
Данска
Продавниците работат, а така е и со рестораните, но да влезат смеат само гости кои се најавиле преку апликација и приложиле негативен тест, доказ за целосна вакцинација или доказ за прележан Ковид. Целосно вакцинираните лица од ЕУ и Шенген зоната смеат да влезат во земјата без посебна причина, но услов е да доаѓаат од земја која е барем во портокалова зона, значи каде ситуацијата не е многу лоша.
Фотографија: Bruno Coelho/Zoonar/picture alliance
Хрватска
Во Хрватска хотелите се отворени, а рестораните смеат да примаат гости во отворениот дел. Во затворен простор на јавни места мора да се носи маска онаму каде што не може да се одржува пропишано растојание. За влез во земјата се бара негативен ПЦР-тест или тест за антитела, потврда за прележан Ковид или доказ за целосна вакцинација.
Фотографија: Pablo Camacho/PhotoAlto/picture alliance
Полска
Полска дава дозвола за прием на гости во хотелите, но само доколку се пополнат максимално 50% од капацитетот. Од 15. мај ќе биде можно да се седи во отворените делови на рестораните. Во внатрешниот дел тоа ќе биде можно од 29. мај. При влез во земјата е задолжителен десетдневен карантин, освен за лицата со негативен ПЦР-тест. И целосно вакцинираните и оздравените не мора да одат во карантин.