1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Со гумен чамец преку Ламанш – кобниот пат на мигрантите

ЖА / агенции
25 ноември 2021

Најмалку 27 луѓе се удавија во каналот Ламанш во обид од Франција да стигнат во Велика Британија. Париз и Лондон планираат заеднички напори против шверцерите со луѓе

Migranten ertrinken beim Überqueren des Kanals nach Großbritannien
Фотографија: Gonzalo Fuentes/REUTERS

Речиси секојдневно големи групи мигранти се обидуваат од Франција преку каналот Ламанш да стигнат во Велика Британија. За дел од нив обидот вчера завршил со кобни последици – чамецот во кој се наоѓале се превртил, меѓу жртвите се и три деца и седум жени, од кои една била бремена. Двајца од мигрантите се спасени, но се наоѓаат во животна опасност. Петмина шверцери, за кои се претпоставува дека се вмешани во неуспешниот обид за премин на Ла Манш, се уапсени. Патролен чамец на француската морнарица ги открила безживотните тела на мигрантите како пливаат на површината на водата пред брегот на Кале.

Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон во телефонски разговор договориле засилени заеднички напори за спречување на вакви човечки драми, заострени акции против шверцерите кои го ставаат на коцка животот на луѓето заради сопствен профит. Истакната е и потребата за координирање на соработката и со Белгија, Холандија и други европски партнери.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми