Нашата #ФотографијаНаДенот му ја посветуваме на овој човек кој тргна во битка против пожарите во Малешевијата „вооружен“ со лопата. Битката со огнената стихија во близина на селата Робово и Мачево траеше цела ноќ.
Реклама
Пожарите во С. Македонија не стивнуваат, а најкритична е состојбата во пехчевско и беровско. Покрај локалното население во битката против стихијата кај овие села во Малешевијата учествуваат и пожарникари со цистерни од локалната самоуправа.
Во непосредна близина се наоѓаат и 45 австриски пожарникари со девет цистерни, како и дополнителна опрема и луѓе од „Национални шуми“.
Во целиот овој регион се концентрирани уште многу сили, а вчера доцна попладнето беа испратени три хеликоптери од кои еден македонски и два српски кон беровското село Мачево.
Таму ситуацијата со пожарот беше многу критична и имаше опасност огнот да зафати неколку куќи. Денеска утрината хеликоптерите продолжија со гаснење на пожарот.
На тој потег со пожарите се борат вкупно над 350 луѓе, но ветрот им ја отежнува работата. Се прават пресеци со градежни машини, се заоруваат ниви и необработливи површини, се сечат дрвја се со цел да се спречи понатамошното интензивно ширење, информираат од ЦУК.
Огнениот пекол и пустошот потоа
Шумски пожари продолжуваат да избувнуваат и да горат ширум земјата, додека македонските граѓани се соочени со страшните искуства и апокалиптичните сцени по пеколната ноќ во Кочани и регионот.
Фотографија: Arbnora Memeti
Непроспиена ноќ
Жителите на Кочани и на околината преживеаја ноќ на хорор, откако пожарот кој избувна во попладневните часови на 2. август во близина на градот, поттикнат од ветерот се приближуваше кон градот и другите населени места.
Фотографија: Arbnora Memeti
Закана за Кочани
„Пеколот се спушти на земјата“ Вака очевидци за македонските медиуми ги опишаа моментите додека пламените јазици му се закануваа на градот. Десетици луѓе побарале лекарска помош поради задушување, но нема луѓе со сериозни повреди, ниту загинати.
Фотографија: Fatos Musliu/DW
Битка против пламените јазици
Битката со огнената стихија траеше со часови, а стотици мештани им се приклучија на пожарникарите со „голи раце“ учествуваа во напорите за локализирање на пожарот.
Фотографија: Arbnora Memeti
Сам среде огнениот пекол
Ваквите херојски ангажмани на бројни луѓе вклучени во битката со стихијата, придонесоа за локализирање на пожарот и спречување на жртви и поголеми материјални штети.
Фотографија: Arbnora Memeti
Армијата на помош
Најголем дел од фотографиите во оваа галерија се направени во село Тркање, Кочанско. Во ова место вчера беше најкритично, селаните заедно со војската патуваа два часа пешки за да се качат во планина, немаше пристап за да се стигне со моторно возило.
Фотографија: Arbnora Memeti
Трагите на уништувањето
Иако поголеми материјални штети беа спречени, сепак пожарот остави зад себе апокалиптични сцени во Кочани... Уништени куќи...
Фотографија: Arbnora Memeti
Трагите на уништувањето
...Изгорени возила
Фотографија: Arbnora Memeti
Трагите на уништувањето
пеплосани борови шуми и животни...
Фотографија: Arbnora Memeti
Каде се ер тракторите?
По пожарот во Кочани, но и поради другите активни пожари во земјата се поставува прашањето на одговорноста. Имено С.Македонија има ер трактори ( како овие на фотографијата направена во Турција) за гаснење пожари, кои меѓутоа не се во функција, зашто не се сервисирани. Пожарникарите имаат возила, ама некои од нив дотраени и со работен век од 30-тина години...
Фотографија: Alican Uludag/DW
9 фотографии1 | 9
Вчера доцна попладнето беа испратени три хеликоптери од кои еден македонски и два српски кон беровското село Мачево, каде ситуацијата со пожарот беше многу критична и имаше опасност огнот да зафати неколку куќи.