1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со пливање до подобар живот во Европа

СН/агенции
18 мај 2021

Неколку илјади мигранти стигнаа од Мароко до шпанската енклава во северна Африка, Сеута. Најголем дел од нив пливаа околу два километри преку Средоземното море.

Spanien | marokkanischen Migranten erreichen die Küste von Ceuta
Фотографија: Antonio Sempere/EUROPA PRESS/dpa/picture alliance

Мигрантите, меѓу кои има речиси 1500 деца и малолетници, тргнале од мароканскиот град Фнидек. Мароканската полиција ги пуштила да заминат, пренесува шпанскиот весник „Ел Паис“, повикувајќи се на очевидци.

Луѓето морале да поминат скоро два километри во вода за да стигнат до Сеута. Портпарол на властите рече дека многумина едноставно пливале, некои имале прстени за пливање за да ги поддржат, други седеле во мали чамци на надувување. 

Шпанските власти во Сеута - со приближно 85.000 жители - се чувствуваат преоптоварени од доаѓањето на овие околу 5000 бегалци. Станува збор за рекореден број мигранти кои пристигнале во енклавата за еден ден. 

Повеќе:

-Миграциската политика на ЕУ: победа на популистите

-Бегалците – испит на човечноста

-Европската тврдина се рони – по малку

Сеута и другата блиска шпанска ексклава Мелиља ја имаат единствената копнена граница на Европската унија со африканскиот континент. Мигрантите таму постојано ги користат ексклавите како отскочна штица за да стигнат оттаму во Европа, каде се надеваат на подобар живот.

Шпанската влада испрати уште 200 полицајци во Сеута. Тие треба да обезбедат брзо депортирање на возрасните мигранти, соопштија шпанските власти, истакнувајќи дека земјата нема да им одобри азил на нелегално влезените Мароканци. Единствено на малолетниците без придружба ќе им биде овозможено легално да останат во земјата.

 

   

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми