Здравје
Фотографија на денот: Со рикша против коронавирусот
28 април 2020![BdTD Indien Chennai Auto-Rikscha als Coronavirus](https://static.dw.com/image/53227975_800.webp)
Реклама
Овој човек во Ченаи, источна Индија, со својата рикша, која ја има преправено во обликот на коронавирусот, се обидува да ја изостри свеста дека треба да се остане дома.
Индија на средината од април ги продолжи мерките за изолација за 19 дена Најавата доведе до насилни судири меѓу бездомниците, гладните мигранти и полицијата. Најголем дел од Индијците се вработени неформално и немаат ниту договори за работа, ниту заштеди, ниту пак каква било друга финансиска сигурност.