Над 100 илјади луѓе и натаму се заробени во речиси целосно разурнатиот Мариупол. Нивната судбина е неизвесна со оглед на тоа што обидите за евакуација или пропаѓаат или се одвиваат тешко.
Реклама
Во текот на вчерашниот ден само 79 луѓе од Мариупол имаа среќа да се евакуираат од пеколот на разурнатиот пристанишен град. Тие во жолти училишни автобуси пристигнаа во прифатилиштето за внатрешно раселени лица украинскиот град Запорожје, по два месеца минати во градот под опсада на руските сили.
Денеска, според властите во Киев, нема да биде направен обид за воспоставување на хуманитарни коридори за нова евакуација од Мариупол.
„Поради опасноста на рутите, денеска, 22 април, нема да има хуманитарни коридори“, изјави таа на Фејсбук, вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.
Мариупол, градот кој не се предава
Во четвртата недела од руската агресија врз Украина, нападите врз цивилното население се засилуваат. Додека оние кои можат бегаат од Мариупол, Киев одбива предавање на опколениот град.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Егзодус од Мариупол
Изминатата недела, десетици илјади луѓе се обидуваат да избегаат од уништениот град Мариупол. Од почетокот на војната, стратешки важниот јужен пристаништен град е соочен со непрекинато бомбардирање и ракетни напади, голем дел врз цивилни цели. Според руски извори, околу 130.000 од 440.000 жители на градот и натаму се во него.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Уништен град
По четиринеделно непрекинато бомбардирање, во градот повеќе не може да се живее. Според градската администрација, 80% од становите се уништени. Многу фотографии од Мариупол прикажуваат уништени или изгорени станбени згради, како оваа на руската државна агенција Тасс.
Руските напади врз цивилни цели во Украина наведоа повеќе западни политичари да зборуваат за руски „воени злосторства“. Меѓу нив се германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. Борел рече дека Русија ја уништува Украина без никаква почит за правилата на војување.
Фотографија: REUTERS
Русија тврди дека напаѓа само стратешки цели
Русија тврди дека напаѓа само стратешки и воени цели. Москва ја обвинува украинската единица „Азовски баталјон“ за ракетирањето на театарот во Мариупол. Стотици луѓе се спасија од урнатините, благодарение на бункер во подрумот на театарот, кој сега е целосно уништен.
Проруските сепаратисти, кои го контролираат регионот Доњецк во источна Украина, ги набљудуваат излезите од градот. Тие се отворени само за невооружени цивили кои сакаат да си заминат од градот.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
„Евакуирани“ на непријателска територија
Оваа фотографија, објавена од руската државна агенција Тасс, прикажува луѓе евакуирани од Мариупол во окупираниот Доњецк. Русија тврди дека сака да им обезбеди заштита на украинските бегалци. Градскиот совет на Мариупол, пак, ја обвинува Русија дека им дозволува на сепаратистите насила да ги одведуваат украинските бегалци во Русија.
Мариупол не е единствениот украински град погоден од руските напади. Во северна и источна Украина, ракети и гранати непрекинато паѓаат врз големи градови како Суми, Харков и Киев. Ова се остатоците од трговски центар во Киев откако беше погоден од руски проектил. Четири лица загинаа во нападот.
Фотографија: Daniel Ceng Shou-Yi/ZUMAPRESS/picture alliance
Ukraine rejects surrender of Mariupol
On Sunday, Russia had given Ukraine an ultimatum to surrender Mariupol by Monday afternoon. Ukraine rejected the demand. Instead, thousands of civilians again left the city, which the Ukrainian government says is under continuous fire. According to Russian separatist leader Denis Pushilin, the battle for Mariupol could last weeks longer.
Таа им порача на сите што чекаат евакуација „да бидат трпеливи и да издржат“.
Мариупол, кој е дел од индустрискиот регион во источна Украина познат како Донбас, е клучна руски цел од почетокот на инвазијата на 24 февруари. Москва вчера објави дека руските сили ја презеле контролата врз градот, со исклучок на челичарницата Азовстал, која е последно украинско упориште.