Историја
Споменик од Втора светска војна на продажба
8 мај 2018
Реклама
Двете повеќекатни кули кај местото Ерпел, поврзани меѓусебно во приземјето, дел од речиси уништениот мост на реката Рајна во Ремаген, покраината Рајнланд Пфалц, се стари преку сто години и се сопственост на германската држава. Во огласот за продажба стои дека им е потребна темелна санација, а ќе бидат продадени на оној кој ќа понуди најголема сума за нив.
Во март 1945. година Ремаген и Ерпел беа локациите каде сојузничките трупи првпат ја преминале Рајна, преку мостот кој без оглед на германските обиди за минирање, се додржал, за неколку дена подоцна сепак да се сруши.