1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стаорецот Магава одликуван со орден за храброст

ЖА /ДВ
26 септември 2020

Билансот е импресивен: торбестиот џиновски глушец во Камбоџа детектирал 39 мини и 28 неексплодирани направи. За тие заслуги, Магава е првиот глушец кој добил највисок британски орден за животни.

Magawa Minenschnüffelratte PDSA Tapferkeitsorden
Фотографија: PDSA UK/Reuters

Одликувањето го доделува британската водечка добротворна ветеринарна организација, ПДСА. Орденот е споредлив со највисокото цивилно признание на Обединетото Кралство, Крстот на Свети Ѓорѓи.

Седумгодишниот глодар бил обучен од белгиската хуманитарна организација „Апопо“, со седиште во Танзанија, која уште од 90-тите години обучува огромни африкански торбести стаорци, познати како „херојски стаорци“, да откриваат нагазни мини и туберкулоза кај луѓето.

Стаорците се обучени да го користат своето извонредно чувство за мирис за да детектираат хемиски соединенија во експлозивите и да го игнорираат металот во земјата.

Ангажманот на Магава и други тренирани глувци, спасил многу човечки животи во Камбоџа, која сеуште страда од последиците на децениските интерни конфликти. Во земјата меѓу 1975 и 1998 година се поставени милиони нагазни мини, чии жртви станаа десетици илјади луѓе.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми