1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Старт на „пандемиската“ Олимпијада

СН/агенции
23 јули 2021

Една година подоцна и без гледачи, но затоа со нови случаи на Ковид-19. Денеска во Токио свечено ќе бидат отворени Олимписките игри. Церемонијата, како впрочем и целите игри ќе бидат во длабока секна на пандемијата.

Japan Tokio 2020 Ringe
Фотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

На импресивниот национален стадион во јапонскиот главен град, во 13 часот по средноевропско време, ќе започне свеченото отворањето на Летни олимписки игри.

Поради строгите мерки против коронавирусот, церемонијата на отворање, според бројот на учесници, ќе биде никогаш поскоромна.

На овој грандиозен спортски објект со капацитет од 80.000 места за гледачи на трибините нема да смеат да бидат повеќе од 1.000 луѓе. Игрите кои во минатата година беа одложени поради пандемијата, и годинава ќе минат во сенка на стравот од коронавирусот и позаразниот сој делта. 

Повеќе:

-Олимпијадата без публика е добра одлука

-Почеток на вакцинација во Јапонија, нема одложување на Олимписките игри

-Фотографија на денот: Олимписките прстени повторно во Токио

Организаторите на Олимписките игри во Токио, имено, соопштија дека уште тројца учесници во Игрите се заразени со коронавирусот, вклучувајќи и еден кој е сместен во олимиското село. Од организацијата додадоа дека бројот на случаи на Ковид-19, на денот на свеченото отворање, се зголемил за 19, со што вкупниот број откриени случаи изнесува 106.

На Игрите кои веќе започнаа со натпреварите во фудбал, софтбал и во веслање, ќе настапат над 11.000 спортисти во 33 спорта и 50 дисциплини.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми