1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Стоп за луксузните стоки за Русија

16 март 2022

Животот во Русија нема да биде ист каков што беше досега, особено за богатите Руси. ЕУ донесе санкции кои забрануваат извоз на луксузна стока во Русија.

BdTD | Russland Moskau | Geschlossenes Luis Vuitton Geschäft im Kaufhaus GUM
Фотографија: Evgenia Novozhenina/REUTERS

Европската унија со новиот пакет санкции донесе забрана за извоз на луксузни стоки во Русија. На листата се ставени скапи автомобили, шампањ, дијаманти, кавијар, цигари, но и уметнички дела, крзно, накит, часовници, парфеми и скапи електронски апарати. На листата со санкции се ставени и 15 нови имиња на олигарси и претприемачи кои се дел од „тесниот круг“ луѓе околу претседателот Владимир Путин.

На оваа фотографија црква се огледува во излогот на затворената продавница на Луј Витон во трговскиот центар ГУМ во Москва. Цели катови во ГУМ се со празни полици. Своите продавници ги затворија и Прада и Гучи, но и фирми како Зара, Х&M или Масимо Дути.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми