Бегалската криза на турско-грчката граница влегува во втората недела. И додека на копнената граница и натаму има илјадници мигранти, Турција повеќе не дозволува бегалците по морски пат да преминуваат на грчките острови.
Реклама
Бебето завитикано во кебе на оваа #ФотографијаНаДенот направена во селото Скала Сикаминијас на грчкиот остров Лезбос беше во последните чамци со мигранти кои успеаја преку Егејското море да пристигнат од Турција, во актуелната мигрантска криза која започна на 28 февруари. Во меѓувреме турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и нареди на крајбрежната стража повеќе да не им допушта на бегалците да преминуваат преку Егејското море во Европската унија бидејќи тоа е опасно по нивните животи.
Турција меѓутоа соопшти оти не отстапува од начелото дека нема да се обидува да ги задржи мигрантите на својата територија но ваквиот пристап нема да важи единствено за преминот по морски пат, кој според Анкара е опасен по животот на бегалците.
Опасна авантура: патот на бегалците од Сирија до Германија
Бегајќи од воените ужаси, многу сириски бегалци преземаат извонредно ризичен и долг пат до Европа, кој често ги става нивните животи во опасност. Преглед на најопасните станици на тој пат.
Фотографија: picture-alliance/dpa/N. Armer
Сирискиот ужас
Повеќе од 240 илјади луѓе се убиени од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година, а милиони ги напуштија своите домови. Очајни, многу од нив се одлучуваат со воз или пеш, често и со плаќање на трговци со луѓе, да стигнат на сигурно во Европа. На фотографијата: потрага по преживеани во Дамаск по бомбардирање од страна на владините сили.
Фотографија: picture-alliance/A.A./M. Rashed
Прва станица: Турција
Некои Сиријци кои пристигнуваат во регионот на Измир се сместуваат во хостели пред да го продолжат патот кон Европа, а повеќето мораат да живеат на улици или во паркови, како ова девојче кое спие на улица во Измир.
Фотографија: picture-alliance/AA/E. Atalay
На пат кон Грција
Откако ќе ја напуштат Турција, бегалците се надеваат дека ќе стигнат до Европа преку Грција. На оваа офотграфија, група бегалци во гумен чамец патуваат кон островот Кос.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Кон континентална Европа
Девојче од Сирија спие под патничко седиште на траектот кој ги превезува бегалците од островот Кос кон пристаништето Пиреа. Оттаму, илјадници бегалци секојдневно го продолжуваат патот на север кон границата со Македонија.
Фотографија: Getty Images//W. McNamee
Затворени граници
Минатиот месец Македонија прогласи вонредна состојба и најави дека ќе ја мобилизира армијата за да го спречи напливот на бегалци на својата јужна граница. Откако ќе ја минат границата на бегалците им претстои вистинска борба за да се качат во возот кој ги превезува кон Србија на станицата во Гевгелија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski
Одмор во Белград
Бројот на бегалците кои поминуваат низ Македонија и Србија се зголемува. Белград често се користи како место за одмор. Според Меѓународната организација за миграции, во првата половина на 2015 година, 160 илјади бегалци минале низ земјите на Југоисточна Европа.
Фотографија: picture alliance/dpa/T. Brey
И Унгарија е преоптоварена
Законодавците во Будимпешта ги зголемија казните за илегално минување на границата, а полицијата постојано се судира со бегалците кои сакаат брзо да ја напуштат земјата. Унгарија тврди дека ги применува ЕУ-правилата, но илјадници бараат да бидат пуштени да продолжат натаму... кон Германија.
Фотографија: Reuters/B. Szabo
Топло добредојде
Илјадници бегалци пристигнаа во Австрија и Германија откако со денови беа заглавени во Унгарија. Многу жители на Минхен ги пречекаа на железничката станица и се обидоа да им помогнат колку што можат.