Стил на живот
Фотографија на денот: Танцот на вештерките
30 април 2019Реклама
Валпургиска ноќ е ноќта помеѓу 30 април и 1 мај. Тогаш илјадници луѓе се собираат на панаѓури околу планината Брокен во Харц, се палат огнови и се танцува.
Притоа, обичај е да се има костум на вештерка или ѓавол. Првата организирана прослава на Валпургиската ноќ датира од 1896 година. Така се прославува доаѓањето на пролетта. На #ФотографијаНаДенот актери во костуми на вештерки и ѓавол на проба за настапот во рамки на Валпургискиот отворен тетатр на Хибихенштајн.