Уметност
Фотографија на денот: Торнадо од пластичен отпад
28 јуни 2019Реклама
Инсталацијата е поставена во Центарот за современа уметност, заедно со повеќе други уметнички дела од пластика. Неколку месеци пред изложбата „Пластична планета“, граѓаните за таа цел донирале употребени производи од пластика. За возврат, во знак на благодарност, секој добивал цвеќе во мала саксија, која, се надеваме, не била пластична.