1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп го напушти болничкиот кревет

ЕМФ
5 октомври 2020

Додека светот шпекулира за неговата здравствена состојба, американскиот претседател Доналд Трамп ја напушти болницата, но за кратко!

USA | Trump grüßt Anhänger vor Militärkrankenhaus
Фотографија: Alex Edelman/AFP/Getty Images

Американскиот претседател Доналд Трамп им мавта на своите фанови од црно возило. Со него се уште најмалку две лица, а тој носи маска. Во видео-порака снимена претходно Трамп вели: „Сега ќе дојдам во изненадувачка посета.“ Тој ги фали „извонредните патриоти“ кои се собрани пред клиниката. Освен тоа, Трамп вели дека болеста за него била „многу интересна“ и била „поука“, односно било поинаку отколку да читаш за неа.

Веднаш по обиколката на своите приврзаници, американскиот претседател се врати во воената болница северно од Вашингтон. Тој наводно сѐ подобро се опоравува од Ковид-19 и веќе овој понеделник може да се врати повторно во Белата куќа. „На пациентот му е сѐ подобро. Од петокот наутро е без температура“, изјави лекарот на Трамп, Шон Дули пред новинарите.

Дули призна дека состојбата на претседателот повремено била полоша отколку што се тврдело. Поради лошите наоди на 74-годишниот Трамп му била дадена и кислородна поддршка. Освен тоа, тој добил и дексаметазон, кој, според студиите, ја зголемува стапката на преживеани од пациентите кои имаат потреба од кислород. При благ тек на болеста дексаметазонот не им се дава на пациентите.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми