Затишје пред бура, во буквална смисла на зборот, вледее во Германија. По налетот на „Ксандра“ и „Иленија“ денеска се очекува зимскиот оркан „Зејнеп“.
Реклама
Прво во средата „Ксандра“, потоа вчера протатне „Иленија“ а сега се заканува „Зејнеп“. Во последните три дена Германија е погодена од своевиден „синџир“ на зимски бури. И ако „Ксандра“ мина релативно умерено, во налетот на „Иленија“ со ветришта над 100 километри на час беа предизвикани големи материјални штети, застој во патниот и железничкиот сообраќај, но имаше и човечки жртви
Најмалку тројца возачи во германските покраини Долна Саксонија и Саксонија-Анхалт загинаа во несреќи поврзани со опасните временски услови предизвикани од „Иленија“ - двајца загинале откако врз нивните автомобили паднале дрва, а третиот загинал кога силниот ветер ја оттурнал неговата приколка на спротивната лента и дошло до сообраќајна несреќа.
И сега претстои „Зејнеп“ . Германската метеоролошка служба за денеска од пладне издаде предупредувања за опасни временски услови. Се прогнозира дека орканот „Зејнеп", ќе биде најсилен досега со веројатна брзина на ветерот од над 120 километри на час, особено на северот на земјата
Какво ќе биде времето?
На зима, тоа и не е некое тешко прашање: обично лошо. Но, сега на пролет, тоа е прашање кое ни е сѐ поважно: Како да се облечеме? Ќе одиме ли на излет викендов? Научниците постојано ја унапредуваат прогнозата.
Фотографија: Reuters/NOAA
Дожд наместо скара
Уште пред 40-тина години, значи точна прогноза можеше да се даде дури за ден или два- а и тогаш имаше изненадувања. Метеоролозите денес можат со сигурност да го предвидат времето за 7 дена однапред. Тоа не е само важно за оние кои размислуваат за излет или за скара: можно е да се предвиди трендот на времето за цел месец или сезона, скапоцено и за земјоделците.
Фотографија: Getty Images/S. Keith
Бројки кои значат дожд или сонце
И порано се собирале временски податоци од разни делови на земјите и тогаш се сметало, каде ќе се движи областа на висок и низок притисок. Денес се собираат податоци од околу 900 милиони точки на светот поделени во растерски точки со меѓусебно растојание од 9 километри. Секако дека и сметањето мора да го направат супер-компјутери.
Фотографија: ECMWF
Времето не познава национални граници
Во 1975 година повеќе европски држави го формираа Европскиот центар за среднорочна прогноза за времето ЕЦМВФ. Денес 22 се земји членки, 12 земји соработуваат и своите податоци ги испраќаат во тамошниот компјутер, еден од најмодерните на светот. Но и ЕЦМВФ е погоден од Брегзит: од Рединг во Велика Британија набрзо ќе се пресели во Болоња.
Фотографија: ECMWF
Времето не зависи само од воздухот
Дури пред малку повеќе од една година, овој центар почна да смета на нов, уште посложен начин. Веќе не се користат само податоци за состојбата во атмосферата, туку ги комбинираат со податоци од море и од самата почва преку кои времето поминува. Но и така научниците се скржави во изјавите за глобалната климатска промена и како тоа конкретно влијае на времето.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Katic
Прогноза која значи живот или смрт
Иако, експертите за животна средина тврдат дека токму климатските промени се „виновна“ за се' поекстремното време: брановите на топлина се уште поврели отколку што беа, бурите се се' посилни. Во секој случај тоа значи и оти временската прогноза денес е поважна од кога било за да се спасат и имотите и човечките животи: треба да бидеме подготвени за она што ќе се случи.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/R. Kakade
Речиси е невозможно да се предвиди
Сепак, дури ни супер-компјутерите не можат точно да предвидат размерно едноставна небеска појава како што е гром. Додуша, енергијата на само една молња би го решила пороблемот со енергија на цел град, но ЕЦМВФ сега работи на тоа да се предвиди удар од гром во радиус од 50-тина километри.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Секој ден сѐ попрецизни
Метеоролозите и натаму ги усовршуваат своите модели на пресметки, а доаѓаат и сѐ помоќни компјутери. Тие тврдат дека до 2025 година ќе може прецизно да се предвиди времето не за 7, туку за 10 дена однапред. Кога ќе размислиме, дали ќе го поканиме друштвото на скара тоа можеби и не ни е толку важно. Но, во многу сегменти од животот тие 3 дена повеќе можат да ни бидат и тоа како важни.