Фотографија на денот: Угостителите бараат помош
2 мај 2020Реклама
Вчерашниот протест беше трет од воведувањето на мерките за изолација во рамките на борбата против пандемијата на коронавирусот во Германија и затворањето на рестораните и кафулињата. Акцијата „Празни столови“ треба да го сврти вниманието кон проблемите на гастрономите, хотелиерите и организаторите на манифестации, а се спроведува во 80 градови во земјата.
Угостителската бранша е особено погодена од застојот поради корона-кризата. Во рестораните сe’ уште не може да се седи. Дозволено е само нарачување храна за земање. За состојбите во гастрономијата се најавени разговори на надлежните покраински министри наредната недела, но надежите за брзо отворање на угостителските објекти за муштерии се мали.