Фотографија на денот: Уживање во финалето на Вимблдон
11 јули 2022Реклама
Топлото време во Лондон беше причина за поставување на џиновски екран на вода, а дел од публиката го следеше финалето на Вимблдон од чамци или со нозете во вода.
Во финалето на тенискиот турнир победи Новак Ѓоковиќ. Тој ја освои седмата титула на Вимблдон, откако го совлада Ник Кирјос по четири сета - 4:6, 6:3, 6:4, 7:6.
Со тоа српскиот тенисер, кој е трет на светската ранг листа, остана непоразен во Вимблдон од 2017 година и има низа од 28 победи на тој турнир.